Самит ЕУ - Арапска лига: Соработка за миграцијата и борба против тероризмот
Шефовите на држави или влади од ЕУ и Арапската лига денеска, на крајот на првиот, историски Самит во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, изразија подготвеност за соработка во однос на миграцијата, борбата против тероризмот и најавија нова страница во меѓусебните односи.
„Денеска го заклучивме првиот самит на ЕУ и Арапската лига. Јас навистина верувам дека ова може да биде пресвртна точка за нова страница во нашата взаемна заедничка соработка“, рече претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој заедно со египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси копретседаваше со состанокот на врвот.
Во заедничката декларација, усвоена на крајот на Самитот, учесниците потврдија дека на состанокот во египетското летувалиште Шарм ел Шеик нема да биде изолиран настан, туку во иднина ќе се среќаваат на секои три години, наизменично во некоја од земјите од Арапската лига и во ЕУ.