Власта во Германија ќе определува каде ќе живеат бегалците таму
„Одредувањето на местото на живеење ги ослободува големите градски центри и правилно го распределува населението во помалку населените делови на земјата“, рече Аксел Гедашко, претседател на Здружението за домување.
Владата порача дека оваа мерка е насочена и против сегрегацијата на бегалците кои честопати припаѓаат на иста култура и етничка заедница.Парламентарната Партија на зелените ја критикуваше ваквата одлуката на Демохристијанско-социјалдемократската влада, тврдејќи дека станува збор за мерка која стигматизира.