Димитров на форумот во Делфи ќе се сретне со неговиот грчкиот колега
Министерот за надворешни работи ќе се сретне со неговиот грчки колега Коргос Катругалос на маргините на економскиот форум што се одржува во Делфи, Грција,
Двајцата министри се дел од учесниците на форумот, а предвидено е Димитров вечер да има и свое обраќање.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека двајцата министри ќе разговараат за спроведувањето на Договорот од Преспа, како и затехничките и практичните проблеми кои секојдневно се појавуваат од спроведувањето.
Министерот Никола Димитров во рамите на форумот се среќава и со други функционери. На средбите со заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер и со американскиот амбасадор во Атина Џефри Пајат, се разговарало за регионални прашања и билатералната соработка, напиша Димитров на Твитер.
А Димитров вчера во Делфи се сретна и со поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас.