Лукашено: Белорусија не сака да биде дел од Русија
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија нема намери да ја „проголта“ неговата земја. Но, според него, потребна е натамошна интеграција меѓу двете земји.
Тој истакна дека 98 проценти од граѓаните на Белорусија ќе гласаат против за земјата да биде дел од Русија. Лукашено порача и дека клучните прашања меѓу двете нации треба да бидат решени пред евентуалните разговори за некаков сојуз меѓу нив.