Владата најави тужби кон медиуми за ширење лажни вести
Во соопштението се вели дека Канцеларијата на претседателот на Владата ја повикува редакцијата на порталот „Лидер“ веднаш да ја повлече, како што е наведено, конструираната и лажна содржина во која под наслов екклузивоно се вели дека Заев признава оти партиски вработиле 28 илајди луѓе и дека вработувањата одат преку општините.
Владата во соопштението ја информира редакцијата на пароталот дека ќе поведе постапка пред суд, доколку не го објави дементот во рокот според Законот за граѓанска одговорност.
„Доколку демантот не биде објавен во предвидениот рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата, согласно Член 19, Став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред надлежниот суд утврден со законот“, се вели во соопштението. Во текстот исто така стои дека Владата ги повикува сите медиуми кои ја преземале „лажната медиумска содржина“ веднаш да ја повлечат бидејќи учествувале во нејзиното ширење.
За наведените вработувања, денеска и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прес-конференција изјави дека Заев ја партизирал државната администрација со над 28 илајди партиски членови од редовите на СДСМ, кои биле избрани во нивните општински организации.
„Денеска во медиумите можевме да видиме застрашувачка и срамна потврда на Зоран Заев, кој преку разочаран член на СДСМ потврдува дека партијарта вработила 28.000 партиски членови“, вели Арсовски.
Арсовски додава дека институциите треба да ги погледнат детално списоците кои ги поднеле со 182 партиски членови кои, како што вели, се роднини на функционерите на СДСМ до Државната комисија за спречување на корупцијата.
На ваквите тврдења од СДСМ преку партиско соопштение реагираат дека како што се приближуваат изборите, ВМРО-ДПМНЕ се повеќе шири лажни вести.
„ВМРО-ДПМНЕ, Лидер и Курир дејствуваат од еден штаб од еден центар за лаги, лажни вести, манипулации и конструкции“, велат од СДСМ.