Ципрас: Договорот од Преспа удар за национализмот и квази патриотизмот
„Пред еден месец во грчкиот Парламент изгласавме еден многу, многу тежок, но исто толку неопходен за земјата, но и за целиот Балкан, можеби симболично, и за Европа, важен договор. Договорот од Преспа. Тоа беше тежок договор, бидејќи беше удар во ножот на национализмот и квази патриотизмот“, рече Ципрас на конференцијата под наслов „Просперитет за сите во една одржлива Европа”.
Според Ципрас, ризикувале пред почетокот на изборниот циклус и кусо пред евроизборите, без разлика на цената. Тој упати и критики до политичките сили во Грција кои не го поддржаа договорот.