„Македонски“ станува „Национален“ во имињата на државните институции: Национална опера и балет, Национална радио телевизија...
Владата ги утврди и новите имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот, согласно Договорот од Преспа и уставните измени. Институциите кои што имаат „Република Македонија“ во името се задолжени тоа го променат во „Република Северна Македонија“, додека институциите кои имаат „македонски/македонска“ во името треба да го заменат со „национални/национална“.
На пример, Македонска филхармонија станува Национална филхармонија, Македонски шуми ќе бидат Национални шуми, Македонска опера и балет станува Национална опера и балет, Македонска радиотелевизија станува Национална радиотелевизија... На оваа листа се наоѓаат вкупно 136 институции. Целата листа е достапна на владината интернет страница.