Скапароти: САД да не ѝ продаваат на Турција авиони штом купува руски ракетни системи
Скапароти смета дека Турција треба да го разгледа својот план за купување на рускиот ракетен систем С-400 или да загуби други идни американски воени летала и системи. Според него, С-400 системот би бил закана за Ф-35. Испораката на авионите Ф-35 е одложена се додека Анкара води преговори со Москва за руските ракетни системи.