14-годишно девојче од Охрид со церебрална парализа починало поради последици од грип
„Имала церебрална парализа, една од оние хронични заболувања кај кои грипот дава потешка слика. Кај пациентката е регистриран АХ1, имала масивна бронхопневмонија и по тешка битка со болеста, за жал починала“, изјави Владимир Микиќ од ИЈЗ.
На одделот за интензивна нега на Инфективна и на КАРИЛ има уште десет пациенти кои се во критична состојба поради компликации од грипот. Епидемиолозите предупредуваат дека во ризик се сите кои се невакцинирани како и лицата со хронични заболувања.