Во светилиште на Маите во Мексико пронајдени артефакти стари над 1000 години
Според информациите од археолозите, садовите датираат од периодот околу 1.000-тата годин и содржат делови од коски и запалени материјали, кои се дадени на анализа.
Археологот Гиљермо де Анда рекол дека истражувањето на пештерата почнало минатата година, откако локалните жители му кажале за неа. Тој подоцна дознал дека локалното население знаело за пештерата веќе 50 години, но молчело за да ја заштити.