Руската Дума го одобри законот за лажни вести
Руската Дума го одобри законот со кој ќе се блокираат интернет страници кои објавуваат лажни вести, навреди кон властите, кон националните симболи и кон општеството.
Закон мора да биде усвоен и од горниот дом на Парламентот, Советот на федерацијата и на крајот да биде потпишан од претседателот Владимир Путин. Критичарите сметаат дека со законот ќе им се даде моќ на властите да затвораат интернет страници кои се критички кон Кремљ.