Пакистан преземал контрола врз 182 религиски училишта
Пакистанските власти соопштија дека ја преземале контролата врз 182 религиски училишта и притвориле повеќе од 100 лица како дел од операцијата против исламските милитанти.
Пакистан е под зголемен меѓународен притисок да се бори против милитантините организации кои спроведуваат напади во Индија. Но, според властите, операцијата била долго планирана и не била одговор на меѓународниот притисок.