ЗНМ ги додели годишните новинарски награди
Здружението на новинари на Македонија денеска ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на Менче Атанасова-Точи од ТВ Нова.
Наградата за најдобра истражувачката сторија ја добија новинарот Сунај Сабриоски од ТВ 24 за неговиот серијал на прилози за продажбата на атрактивното земјиште спроти Градскиот трговски центар и на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“ за серијалот за приватната установа за заштита на возрасни лица во Радишани.
Годинава, првпат беа доделени две награди за новинарски стории од локален и регионален карактер со цел да се поттикне истражувачкото новинарство во локалните медиуми. Наградени се Светлана Дарудова и Сузана Мицева.