Осум починати од грип минатата недела
Епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека осум лица починале минатата недела како последица од сезонскиот грип,. Според неа, шест од починатите се на возраст над 60 години, а меѓу починатите е и девојче на 12 години и жена на 26 години.