Германска компанија отвора фабрика за медицинска пластика во Скопје
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека со инвестицијата на германската компанија „Гересхајмер“ АГ ќе бидат отворени 400 нови работи места.
Извршниот директор на компанијата Дитмар Сиемсен најави дека изградбата на фабриката фабрика за медицинска пластика во Скопје ќе започне во првата половина од годинава, а произведството треба да стратува во средината на наредната година.
Според него, земјата е идеална локација за проширување на нивното производство, бидејќи нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите.