Даниелсон не се согласува со бојкотот на албанската опозиција
Генералниот директор на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Кристијан Даниелсон кој е во посета на Тирана, порача дека одлуката на опозицијата да се откаже од пратеничките мандати е штетна за процесот на интеграција на земјата.
Според него, неопходен е конструктивен дијалог меѓу страните и додаде оти бојкотот е контрапродуктивен. Тој упати апел протестите на опозицијата да бидат мирни и без насилство.