Ковеси повторно на суд за време на трката за европски обвинител
Поранешната главна обвинителка во борбата против корупцијата во Романија, Лаура Ковеси, кој е и фаворит во трката за шеф на новоформираната канцеларија на ЕУ за борба против криминал денеска присуствуваше на второто рочиште за обвиненијата против неа.
Ковеси е осомничена за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење од новоформираната контроверзна истражна агенција која истражува потенцијални кривични дела извршени од судии. Европскиот Парламент и претставници на земјите членки на ЕУ денеска расправа за изборот на новиот шеф на европското обвинителство.
Критичарите сметаат дека обвиненијата против Ковеси се со цел да се намалат нејзините шанси за добивање на позицијата во Брисел. Ова е второ рочиште на Ковеси, а првото се одржа истиот ден кога таа требаше да ја презентира нејзината кандидатура за европски обвинител во Брисел.