Одбележување на 8-ми март со повици за ослободување на 27 затворени новинарки
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8-март, Репортери без граници повикаа на итно и безусловно ослободување на 27 новинарки кои во моментов се држат во ужасни услови низ целиот свет.
Според извештајот на меѓународниот медиумски набљудувач со седиште во Париз, од вкупно 334 новинари во затвор на крајот на февруари, 27 од нив се жени, односно осум проценти.
Овие новинарки се затворени во девет земји, а Иран и Кина се земјите каде се држат по седум новинарки во затвор.
27-те новинарки се лишени од слобода поради тоа што го напишале или за тоа што зборувале храбро, се вели во извештајот на Репортери без граници.