Косово претстави платформа за продолжување на дијалогот со Србија
Во Косово денеска беше претставена платформа за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград. Копретседавачот на тимот на дијалогот Фатмир Лимај во Парламентот ја претстави платформата за процесот, нагласувајќи дека тој ќе биде „водич за дејствување“ во дијалогот.
„Косово не треба да ја напушти преговарачката маса. Принципите на платформата ќе бидат водич на овој процес. Дијалогот ќе биде целосно трнаспарентен, а извештаите ќе бидат доставени на редовна основа до Парламентот“, рече Лимај.
Тој додаде дека Приштина ќе биде присутна во Брисел за да ја потврди, како што истакна, „косовската државност, а не да преговара за тоа.“ Лимај исто така наведе дека одат во Брисел за да и дадат на земјата шанса за европска интеграција.