Голем пожар во борова шума во прилепско
Борова и нискостеблеста шума на околу 15 хектари е зафатена од пожарот кој избувнал денеска попладне во атарот на прилепското село Дабница, информира противпожарната единица од Прилеп која е на терен.
Две цистерни и 11 пожарникари во моментов се справуваат со пожарот, за кој причините за избувнувањето се уште не се познати, вели командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески.
Пожарникарите прават напори да го спречат ширењето на пожарот и да ги зафати куќите во селото. Боровоата шума на левата страна од селото е веќе изгорена, велат од противпожарната единица која апелира до сепствениците на куќи и викендички во село Дабница да се упатат кон селото за да помогнат со стихијата и зачувувањето на нивниот имот.