Генерал на САД - Ситуацијата во Авганистан „не заслужува“ повлекување на трупите
Генералот на американската армија Џозеф Вотел, кој е шеф на Централната команда на САД, изјави дека ситуацијата во Авганистан „не заслужува“ повлекување на трупите, и покрај таквата цел на претседателот Доналд Трамп.
„Овие одлуки треба повеќе да се засноваат условите отколку на конкретни времиња и мора да се одделат од политичкиот напредок“, изјави Вотел.
Неговите коментари доаѓаат откако САД и преговарачите на Талибанците одржуваат мировни разговори во Катар со цел ставање крај на скоро 18-годишната војна во Авганистан.