Се урнал патнички авион на Етиопијан ерлајнс кој превезувал повеќе од 150 луѓе
Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека несреќата се случила во близина на етиопскиот град Бишофту, околу 50 километри југоисточно од Адис Абеба, кратко време по полетувањето од главниот град.
Од Етиопијан ерлајнс соопштија дека операциите за пребарување и спасување се во тек, но не дадоа детали за бројот на жртви.
Засега не е позната причината за несреќата.
Од Кабинетот на етиопскиот премиер упатија сочувство до семејствата на жртвите.