Нема преживеани во авионската несреќа во Етиопија
![Нема преживеани во авионската несреќа во Етиопија](https://gdb.rferl.org/B89E4AC5-4919-42A0-A912-E4AF32898932_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Сите патници од авионот на Етиопијан Ерлајнс, која се урна утринава кусо по полетувањето во Адис Абеба, се загинати, соопшти авиокомпанијата. Етиопијан Ерлајнс денеска соопшти дека во авионот Боинг 737, кој полетал кон главниот град на Кенија, Најроби, имало 149 патници и осум членови на екипажот. Имало патници од 33 различни држави.
Авионот се урнал во близина на градот Бишофту, околу 50 километри југоисточно од главниот град Адис Абеба. Причините за несреќата засега се непознати.