Анѓушев - Економијата бележи раст, невработеноста се намалува
земјиште.
Анѓушев потсети дека Владата ја презема економијата со негативна стапка на раст од -1,7 отсто, а сега, според податоците во последниот квартал на 2018 година стапката на раст изнесува 3,7 отсто.
„Индустријата е сериозно раздвижена, во јануари 2019 година бележиме раст на индустриското производство од над 12 отсто, а во земјоделството бележиме пораст на насадени површини, очекуваме позитивни бројки кога станува збор за раст на
Бруто домашниот производ во 2019 година“, рече вицепремиерот Анѓушев.
Во однос на намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите, вицепремиерот изјави дека очекува дополнително намалување на стапката на невработеност, како и раст на платите, како резултат на отворање на нови работни места, пред сè, во приватниот
сектор.