Рохани во официјална посета на Ирак
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска пристигна во првата официјална посета на Багдад, објави ирачката државна телевизија. Иранскиот претседател го пречека ирачкиот министер за надворешни работи, Мохамед Али ал-Хаким. Планирано е Рохани прво да го посети шиитскиот храм во главниот град на Ирак, а потоа да се сретне со претседателот Бахрам Салих и премиерот Абдел Абдул Мехди. Во тридневната посета на Ирак, Рохани пристигна во придружба на повеќечлена делегација.
Како што пренесува агенцијата Асошиејтед Прес, Иран меѓу другото, го гледа Ирак како можен начин да се заобиколат американските санкции. Американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе санкции за Иран минатата година, откако САД се повлекоа од нуклеарната спогодба со Техеран од 2015 година.