Турската економија во рецесија, првпат по 2009 година
Турската економија влезе во рецесија за првпат од 2009 година, објавија властите на само три недели пред владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган да се соочи со локалните избори, каде што растот и инфлацијата ќе бидат клучни прашања за гласачите. Економското производство е намалено за 2,4 проценти во последните три месеци од годината во споредба со третиот квартал, соопшти турскиот Институт за статистика. Две последователни квартални намалувања на економските показатели се сметаат за дефиниција за рецесија.