Беса: Неприфатливо е Албанците да не се вклучени во донесување на важни одлуки
За Движењето Беса е сосема неприфатливо Албанците, односно албанските политички претставници, да не бидат вклучени во донесувањето одлуки за вакви важни процеси кои директно влијаат на интересите на Албанците во ова држава.
“Законот за јавното обвинителство, иднината на специјалното обвинителство, отворањето поглавја за членство во Европската унија, законот за трансформација на ДСК во нова разузнавачка агенција, реформските закони како и многу други теми што не се ексклузивни
прашања само на македонските политички партии , туку се теми и прашања кои бараат поширок меѓуетнички консензус”, се вели во соопштението од Беса.
Од таму додаваат дека исклучувањето на Албанците од консултации и донесување одлуки за вакви витални прашања за иднината на државата се само обид за нарушување на меѓуетничката кохезија во Северна Македонија и дефакторизација на албанскиот политички фактор и влез во нова ера која, за жал, ги продлабочува поделбите.