За Алијансата за Албанците законот за СЈО е фарса
Законот за СЈО е фарса, во процесот на реформи ние не го прифаќаме како ваков, изјави денеска Сурија Рушиди од Алијанса за Албанците.
„Ова е уште еден обид да се затворат очите пред меѓународната заедница пред отпочнување на преговорите за Европската Унија.Ова е уште една политичка игра како што беше Законот за амнестија кој си го договорија СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.
Рушиди истакна дека за Алијанса за Албанците е неприфатливо јавниот обвинител да го бира Советот на јавни обвинители затоа што, според него, така се политизира СЈО. Рушиди додаде дека не може на овој начин да функционира ова обвинителство и во име на партијата побара СЈО да се бира со општ консенсуз и да ги истражи сите предмети од бомбите до крај.