Политичкиот прогон тема на собраниската дебата за интерпелација на Спасовски
Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поминува во меѓусебни препирки на пратениците од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од собраниската говорница посочи дека МВР се користи како инструмент за злоупотреба и селективност, при што луѓе блиски до власта се штитат, а се гонат политички неистомисленци, при што обвини дека криминалот во изминативе две години бележи пораст. Тој побара од министерот да ја разреши дилемата дали навистина Стево Пендаровски е следен од тајни служби или пак тоа, како што рече, било само за да се сврти вниманието кон нивниот кандидат за претседател.
На ваквите тврдења Спасовски одговори дека во МВР се поднесе ни пријави во врска со случајот на Пендаровски кој е кандидат за претседател на власта. Тој отфрли било какво присуство на странска служба зошто, како што рече, таква работа нема.
„Не сакам да се замајуваме со жолти комбиња и странски служби. Тоа време заврши,“ изјави од говорницата Спасовски.
Расправата по интерпелацијата за министерот Спасовски пратениците ја продолжија по редовната пауза. Интерпелацијата за Спасовски го поднесе опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.