Руски авион принудно слета поради закана од бомба
Рускиот патнички авион на авиокомпанијата „Урал ерлајнс” принудно слетал во азербејџанскиот главен град Баку поради закана од бомба, објави новинската агенција „РИА новости“. Авионот со 225 патници и членови на екипажот леташе од Бахреин кон Москва, соопшти Управата на аеродромот во Баку. Инцидентот се случи кога членовите на екипажот се посомневаа дека во авионот има бомба.