Германската Влада бара брзо решение од Турција за странските новинари
Германската Влада денеска соопшти декабара од Турција да пронајде брзо решение за германските и европските новинари кои се уште не знаат дали нивните новинарски акредитации ќе бидат продолжени. Реакцијата на Берлин следи откако германски новинари, на кои им беа одбиени барањата за акредитација за работа во Турција, по што се принудени да ја напуштат земјата.
„За нас случајот со новинарите кои се принудени да ја напуштат земјата не е завршен. Ќе продолжиме да ги застапуваме нивните интереси, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
Апсењето на двајцата германски новинари со турско потекло вреботени во весникот „Велт“, Дениз Јуџел и Мешале Толу, под обвиненија за тероризам, доведоа до дипломатска криза меѓу Берлин и Анкара во 2017 година. Организацијата „Репортери без граници“ во својот индекс за слобода на печатот за 2018 година ја рангираше Турција на 157-то место од 180 земји.