Иванов ја повикува ДКСК да ја провери имотната состојба на сите функционери
Претседателот Ѓорге Иванов денеска порача дека влегол чесен во политиката и оти чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат, откако беше соопштено дека Државната комисија за спречување на корупцијата ќе врши проверка на неговата имотна состојба.
Од кабинетот на Претседателот соопштуваат дека Иванов изразува благодарност до Комисијата што ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба.
„Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции
во Република Македонија, онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“, се вели во соопштението.