„Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова - Роман на годината за 2018
„Некој бил тука“ од Николина Андова-Шопова, издание на „Темплум“, е избран за Роман на годината за 2018, наградата што втора година ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Свеченото доделување е предвидено да се одржи на 10 април во КИЦ- Скопје.