Осомничениот за терористичкиот напад во Нов Зеланд изведен пред суд
28-годишниот маж кoj e осомничен дека изврши напад во две џамии во Нов Зеланд денеска беше изведен пред суд. Со лисици на рацете и во бела бела затворска облека од обвинителство чекаше да ги слушне обвиненијата против него.
Брентон Тарант во судницата во градот Крајстчерч не покажа никакви емоции кога беше прочитано едно од обвиненијата за убиство против него. Судијата рече дека " логично е да се претпостави" дека ќе следат понатамошни обвиненија за убиство.
Судот закажа повторно рочиште на 5 ти април.
Во Нов Зеланд денеска е ден на жалост, еден ден откако 49 лица загинаа, а речиси 40 беа ранети во две џамии во Крајстчерч во нападот што премиерот Јажинда Ардер го нарече еден од "најтемните денови" на земјата.
Вооружениот напаѓач, за кој се верува дека е бел супермацист, на интернет, објави видео во кој сам се снима во автомобилот и објави манифест со антимуслимански чинови.
Мажот, вооружен со најмалку пет оружја, пукаше во џамијата Масџид ал Нуор во централниот дел на Крајстчерч и отвори оган за време на пладневните молитви. Се верува дека тој избегал, а потоа се возел до џамијата Линвуд Масџид, пукајќи и убивајќи дополнително луѓе.
"Меѓу повредените има од мали деца до постари лица, а мажи, жени и деца има и меѓу оние што беа убиени и повредени", рече премиерот Ардер.
Имамот кој одржуваше молитви во џамијата Линвуд, кога напаѓачот пукаше и отвори оган денеска рече дека љубовта на муслиманската заедница кон Нов Зеланд не била нарушена од трагедијата.