Силјановска со поддршка за Дурловски, СДСМ ја обвинува дека молчи за насилствата на 27 април
Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните од населеното место Могила, каде зборуваше за пресудите за осудените за настаните од 27. април.
„Македонија денес е среќна што Игор Дурловски конечно ја доби слободата и мирот кои што му беа одземени пред речиси 2 години. Но, тажен ден, зошто со 211 години затвор за 15-мината осудени Македонија наликува на земја што има сериозни проблеми со тероризам. Не се согласувам се разбира со овој впечаток што го делат моите колеги кога прашуваат за драконските казни. Она што најмногу ме загрижува е фактот дека ние правниците или некои од нас честопати велиме дека нема поголема неправда од задоцнетата правда“, рече Силјановска.
Таа додаде дека како правник се надева и верува оти повисоките судски инстанци, а можеби и Стразбуршкиот суд ќе се водат навистина од правото и правдата.
СДСМ пак денеска реагираше со сооштение во кое се вели дека молкот ја демаскира кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ Силјановска и се допoлнува оти таа воошто не се срами што е "поддржана од политичката структура која има крвави раце".
"Гордана Силјановска не е чесна пред граѓаните – молчи за обидите за убиство на 27-ми април. Од една страна Силјановска дава евтини политички изјави, а не кажа ниту збор против насилствата, не кажа ништо за обидите за линч, за организаторите на овие крвави настани, за нападот на демократијата…Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието" се вели во соопштението на СДСМ