СЈО: Груевски од Унгарија барал да му биде укинат притворот
Во извештајот на СЈО пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“. На Груевски во овие предмети, освен во „Талир 2“, му се суди во отсуство.
„Постапувајќи по изјавената жалба Апелациониот суд Скопје на нејавна седница на ден 15.01.2019 година жалбата на обвинетиот Никола Груевски изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје I Скопје го потврди“, пишува во извештајот за една од одлуките.
За некои од жалбите на Груевски Апелацискиот суд сe уште не се изјаснил. Сите останати жалби на Груевски судот му ги одбил, а и СЈО дало негативно мислење за нив.
Поранешниот премиер Гриевски, кој од почетокот на ноември се наоѓа во Бегство во Унгарија, е осуден на 2-годишна затворска казна за притивзаконито влијание при набавката на луксизниот владин „мерцедес“.