Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“
Одговарајќи на прашања од специјалната јавна обвинителка Лиле Стефановска, Мицковиќ појасни дека бил повикан да сведочи пред американските власти за случајот „Маџар телеком“ и оти тогаш му била предочена комуникација преку електронска помошта меѓу тогашните директори на „Маџар телеком“ и тогашниот директор на „Македонски телеком“ Атила Сендреи која генерално се однесувала на тоа да не му бидат нему доставени одредени информации. Дури во една од пораките стоело и тоа доколку направи некаков проблем, да биде „среден“ од неговите претпоставени.
Поради заканите, како што сведочеше Мицковиќ, американскиот федерален судија донел одлука да биде третиран како загрозен сведок и неговото сведочење да не се објавува во текот на постапката. Сведочејќи за протоколот за соработка потпишан меѓу тогашната македонска Влада и „Македонски телеком“, Мицковиќ одговарајќи на прашања од обвинителката Стефанова рече дека со тогашниот премиер Владо Бучковски немал детално разговорано, освен дека тој му предочил дека се работи за политички монтиран случај.
Рочиштето за случајот „Маџар телеком“ продолжува задутре.