Димитрoв и Османи во Брисел: Ни треба ЕУ за да создадеме стабилен и просперитетен Балкан
„Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систем. Во последната деценија Европа постојано се менува станувајќи на некој начин движечка цел што треба да ја следиме. Но, нашите интереси остануваат исти, ни треба трансформативната моќ на ЕУ за создавање на европски, стабилен и просперитетен Балкан“, истакнал Димитров.
На појадокот обраќање имал и вицепремиерот Бујар Османи, кој направил осврт на динамиката и квалитетот во имплементацијата на реформите, согласно планот 18.