Холандската полиција трага по 37 годишен маж роден во Турција
Холандската полиција соопшти дека трага по 37 годишен маж, роден во Турција во врска со нападот на трамвај во Утрехт при кој загина најмалку едно лице. Неколку лица се повредени во нападот, кој според полицијата, можеби е поврзан со тероризам.
„Полицијата е во потрага по 37 годишниот Ѓокман Танис во врска со инцидентот утрината. Немој да му приоѓате“, напиша полицијата од Утрехт на Твитер.