Дебата за законите за безбедност и разузнавање: Концентрација на моќ кај премиерот
Отсутност на Претседателот на државата, на Собранието и на директорот на Бирото за јавна безбеднсот, како и преголема концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност.
Ова беа главните забелешки изнесени на денешната јавна расправа по Предлог-законот за АНБ и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во државата.
Во образложението на двата предлог-закони министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски реформата на безбендосно – разузнавачките служби е важна над се за восопоставување сигурен систем за заштита и почитување на човековите права, гарантирање на безбедноста
и сигурноста на граѓаните и на државата.
Еден од учесниците во дебатата, Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, побара да се повлечат или да се направат сериозни измени на двата предлог-закона и да се донесе закон за интегрална безбедност. Тој смета дека директорот на АНБ треба да го избира Собранието, а со Советот за Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница постои опасност, рече, да му се одземат дел од надлежностите на Претседателот на државата во однос на безбедносниот систем.
Ѓуровски го отвори прашањето „зошто е потребно АНБ во одредеи случаи да има можност за прислушување , кога за таа цел веќе работи ОТА“.