Путин ги потпиша законите за лажни вести
Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша двата закони со кои ќе се блокираат интернет страници кои објавуваат лажни вести. Според законите ќе се изрекуваат и казни и за оние интернет страници кои ќе шират навреди кон властите, кон националните симболи и кон општеството. Критичарите сметаат дека со законот ќе им се даде моќ на властите да затвораат интернет страници кои се критички кон Кремљ.