Претседателските кандидати одамна се во кампања, иако според законот, кампањата треба да започне на 1 април. Но, експертите велат, законот нема ограничувања кандидатите да имаат активности и дилемата е од етички аспект. Според нив, иако кандидатите се декларираат дека се натпартиски, тие ќе ја застапуваат партиската агенда.