ОБСЕ: Откажувањето на албанската опозиција од мандатите e лош пример за регионот
„Пратениците одлучија да се откажат од мандатите по две години, следниот пат ќе најдат аргументи за да донесат таква одлука по шест месеци или 10 месеци, а тоа ќе биде лош пример за целиот регион. Знаете дека во многу земји постои опозиција која го бојкотира Парламентот и ова не функционира, бидејќи тоа не е суштината на парламентарната демократија“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Тирана.