Казахстанскиот претседател Назарбаев поднесе оставка
„Одлулив да ставам крај на моите обврски како претседател“, изјави Назарбаев во денешно телевизиско обраќање до нацијата. Тој зборуваше неколку часови откако неговата канцеларија најави дека ќе објави важно соопштение.
Назарбаев рече дека засега спикерот на горниот дом на Парламентот Ќасим Жомарт Токаев ќе ја преземе претседателската функција.
Засега не е јасно дали 78-годишниот Назарбаев ќе преземе друга функција.