Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Хан и Могерини- учеството во изборите е знак за политичка зрелост

Учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни, европските челници ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност во пресрет на претседателските избори, што ќе мораат да бидат кристално чисти, јави дописничката на МИА од Брисел по петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) со кој претседаваше премиерот Зоран Заев денеска во Брисел.


“Морам уште еднаш да им се обратам на сите во земјата, ова може да се случи само ако е меѓупартиска, национална цел и ова го вклучува учеството во изборите, кои било избори, изборите идниот месец, учество на сите страни, секоја страна треба да покаже демократска зрелост, има многу можности за политички битки и преговори, но кога станува збор за оваа национална цел, мислам дека постои обврска, одговорност за сите страни да придонесат за тоа, а не да го стават ова во опасност во последен момент”, изјави Хан.


Од ЕК не коментираат дали станува збор за предупредување до опозицијата за можен бојкот на вториот круг на претседателските избори, но и од Хан и од Могерини беше ставено јасно на знаење дека ЕУ од блиску ќе го набљудува изборниот процес во април и во мај. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, исто така побара целосно учество во процесите на демократските институции на земјата.


“Нашите земји членки сигурно ќе го разгледуваат ова како знак на стабилност и нормалност на демократијата, целосно се согласувам со тоа што го кажа комесарот Хан и ги повикувам сите да ги искористат демократските средства што им се на располагање во земјата”, рече Могерини.


Државава сѐ уште треба да ги исполни во целост сите услови поставени минатата година: борба против корупцијата, правосудството, разузнавачките служби и реформата на јавната администрација. Сите овие пораки уште еднаш му биле пренесени на македонскиот премиер на денешниот состанок, вклучително и потребата да се одговори на “перцепцијата на јавноста“ во однос на наводите за непотизам во јавната администрација. Секако, ЕУ ќе инсистира на имплементација на реформите, што се смета за слаба точка во земјите во регионот.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *