ЕУ го казни Гугл 1.7 милијарди долари за нелојална конкуренција
ЕУ соопшти дека сервисот за рекламирање на Гугл „АдСенс“ нелегално ги ограничувал интернет страниците на клиентите од прикажување на реклами од рекламните услуги на конкурентите.
„АдСенс“ служи како посредник меѓу огласувачите и сопствениците на интернет странитици, овозможувајќи им на огласувачите да поставуваат реклами на веб-страниците.
Оригиналниот тужител во деценискиот случај беше американскиот гигант Мајкрософт, кој подоцна се повлече од случајот поради примирје со својот американски конкурент.
„Денеска Комисијата го казни Гугл со 1.49 милијарди евра за нелегална злоупотреба на својата доминанта позиција на пазарот за посредување на онлајн рекламни пребарувачи“, изјави комесарката за конкуренција на ЕУ Маргарет Вестагер.