Дисциплинска постапка против албанската амбасадорка во Атина поради исчезнатите пасоши
Во меѓувреме, од функцијата е разрешен албанскиот конзул во Јанина, Первин Ѓикурија, откако според досегашната истрага, постојат основи за сомнеж дека тој е одговорен за исчезнувањето на пасошите што се случи минатиот месец.
Пред еден месец Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека „исчезнале“ пасошите наменети за албанските државјани во Грција, наведувајќи дека пакетот е украден од автомобилот на Конзулатот во Јанина.
Според Министерството, на 13 февруари пасошите, произведени од компанијата АЛЕАТ, биле пренесени во Грција, спакувани вон стандардите како што тоа се прави со редовните испораки на дипломатски пакети.
Во меѓувреме поранешниот албански премиер и претседател и почесен лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша нарекувајќи го случајот „мегаскандал на нарко-државата“, обвини дека пасошите може да ги користат „терористички групи на ИД и албанската
и регионалната мафија“ и оти тоа е закана за националната и меѓународна безбедност.