Турската армија со демат за Ципрас
„Турски ловци не учествувале во предизвикување тензии со хеликоптерот со кој патувал грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави претставник на турската Армија, додавајќи дека „авионите само вршеле рутински мисии во реонот“.
Ципрас денеска присуствуваше на свеченост на островот Агатониси, што се наоѓа во близина на брегот на Турција, каде изјави дека турски авиони го пресретнале неговиот хеликоптер и го принудиле да лета ниско и да прави маневри, се додека не интервенирале грчки воени авиони.