Новото име може да се најде во учебниците следната школска година
Претходно вклучување на новото име „Северна Македонија“ и во грчките учебници, најави заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис.
Запрашан дали ќе следува казна за вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, бидејќи неодамна не сакал на новинарите да им одговори на македонски кога ја промовирал Агенцијата за спроведување на Законот, портпаролот рече дека Владата не работи врз принцип на казни, а недоследностите игрешки кои постојат во однос на Законот за јазиците се трудат да ги надминат и да ги поправат.
Другиот владин портпарол Муамед Хоџа, исто така одговарајќи на новинарско прашање зошто не бил ставен законот за пописот на вчерашната седница, рече дека нема недоразбирања за законот за попис. Тој вели дека Владата на следната седница ќе го разгледа законот за попис и се очекува тој да помине.