Мицкоски на средба со Жбогар
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска се сретнале со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Тие разговарале за актуелната политичка ситуација, за реформите поврзани со обвинителството и за потребата за фер услови за демократски избори.
Мицкоски искажал загриженост за политизираноста на правосудниот систем, на општеството и за поделбите, кои според него, ги прави власта.Тој го запознал Жбогар и со амандманите кои партијата ги има за Законот за јавно обвинителство со кои треба да се реши статусот на СЈО.